Достапни линкови

Косово-уапсени 18 демонстранти, 10 полицајци повредени


Протести кај Подуево

Протести кај Подуево

Уапсени се 18 демонстранти а 10 полицајци се повредни во обидот косовската полиција да го спречи протестот на движењето Самоопределување.

Косовската полиција соопштува дека демонстрантите не го прифатиле барањето да им овозможат нормално движење на луѓето и на стоката и затоа тие презеле потребни мерки за да го ослободат патот.
Полицијата интервенираше со солзавец и водени топови при обидот да го спречи протестот. Иако претходно беше соопшетно дека е уапсен и лидерот на Самоопределување, Албин Курти, од движењето велат дека не дозволиле тој да биде уапсен.
Демонстрантите се кај Подуево и се обидуваат да одат кон граничниот премин Мердаре за да го блокираат. Истовремрно има протест и кај преминот Бела земја.
XS
SM
MD
LG