Достапни линкови

Бродската несреќа кај Тоскана, сцени како од Титаник


Превртениот брод Коста Конкордија

Превртениот брод Коста Конкордија

Тројца починати и повеќе од 50 исчезнати е билансот од бродската несреќа која се случи вчера вечерта во близина на брегот на Тоскана, кај островот Џиљо во Италија.

Бродот Коста Конкордија кој превезувал повеќе од 4.000 луѓе заринкал во карпи. Триесетина од луѓето се повредени од кои двајца потешко. Преживеаните го споредуваат она што им се случило со сцените од филмот Титаник. Несреќата се случила за време на вечерата.

Во соопштението од компанија за која работи бродот се наведува дека успеале да евакуираат 3.200 патници и 1.000 членови на екипажот.
Повеќето од евакуираните до брегот стигнале со чамците за спасување, а имало и такви кои допливале.
Се уште не е јасно што ја предизвикало несреќата.
XS
SM
MD
LG