Достапни линкови

logo-print

Косово-полицијата ги растерува демонстрантите


Позджувачите на Самоопределување кај Подуево

Позджувачите на Самоопределување кај Подуево

Косовската полиција со солзавец и водени топови ги растерува подржувачите на движењето Самоопределување кои се наоѓаат кај Подуево. Тие сакаат да заминат кај граничниот премин Мердаре со Србија и да го блокираат.

На солзавецот од страна на полицијата, демонстрантите возвратиле со фрлање на камења и го пробиле кордонот. По што интервенирале специјалните сили на полицијата, со поголемо количество солзавец и со водени топови. Поединци од страната не демонстраните се упорни да го одблокираат патот и да стигнат до местото на протестот, јавуваат тамошните медиуми.

Полицијата на Косово претходно потврди дека ги запира автобусите и патниците кои тргнеле да го подржат протестот на движењето Самооопредлување. Портпаролот на полицијата на Косово вели дека тие ги контролираат документите на патниците и техничкат аисправност на возилата.

Лидерот на Самоопределување Албин Курти вели дека полицијата не треба да ги спречува подржувачите на неговото движење, туку да го спречи влезот на српска стока во Косово.

„Србија е непријателска земја и води непријателска политика кон Косово“, вели Курти.

Според него протестот ќе биде мирен и има за цел остварување на реципроцитет во односите со Србија.

На патот кон премините Мердаре и Бела земја има многу полиција која ги контролира сите возила.

Косовските власти и западните дипломати вчера изразија загриженост поради најавените блокади на границата и повикаа граѓаните да се воздржат од насилства.
Претседателката на Косово Арифете Јахјага повика граѓаните да не ги блокираат граничните премин со останатите земји и да не го попречуваат слободното движење на луѓе и стока.
XS
SM
MD
LG