Достапни линкови

Во Македонија снег и до минус 19 степени


Повремени снежни врнежи од ноќеска ја зафатија Македонија. Од утре, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи под влијание на многу студена маса од северните подрачја на Европа ќе следува период на многу студено време со повремен локален снег. Утринските температури наместа ќе се спуштаат до -19 степени целзиусови, а дневните ќе бидат под нулата. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Центарот за управување со кризи им препорачува на граѓаните во овие неколку дена да избегнуваат движење во планинските предели и внимателно да возат, особено на патните правци низ клисурите и планинските превои каде има почеста појава на ситни одрони од карпи.
ЦУК апелира до граѓани кои живеат во населени места околу планинските предели, доколку забележат било какви појави кои претставуваат опасност, да пријават на бесплатниот телефонски број 195 кој е во служба на граѓаните 24 часа, со цел навремено реагирање од страна на надлежните служби во справување со настанатата ситуација.
XS
SM
MD
LG