Достапни линкови

ЕУ незадоволна од оценките на Стандард и Пурс


Оли Рен, евркомесар за економија и монетарна политика.

Оли Рен, евркомесар за економија и монетарна политика.

Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтин на 9 земји од еврозоната. Тоа предизвика реакции, но не и изненадување.

Еврокомесарот за економски прашања Оли Рен изјави дека намалувањето на рејтингот на 9 земји на еврозоната од страна на Агенцијата Стандард и Пурс е „неконзистентен“ чекор, бидејки еврозоната презема решителни чекори за ставање крај на должничката криза. Оваа агенција синоќа по затворањето на берзите го намали рејтингот на Кипар, Италија, Португалија и Шпанија за две нивоа, додека на Австрија, Франција, Малта, Словачка и Словенија за едно ниво. Агенцијата соопшти дека Белгија, Естонија, Финска, Германија, Ирска, Луксембург и Холандија остануваат на исто ниво.
На Франција и на Австрија им се намалени кредитните рејтинзи од максималните „ААА“ на едно ниво помалку „АА+“, со „негативна перспектива“, што значи дека двете земји на среден рок може да се соочат со уште едно намалување.

Кои се причините?

На Франција и на Австрија им се намалени кредитните рејтинзи од максималните „ААА“ на едно ниво помалку „АА+“, со „негативна перспектива“, што значи дека двете земји на среден рок може да се соочат со уште едно намалување.

Влада на Франција

Влада на Франција

Франција ја доби негативната прогноза поради „влошувањето на политичките, финансиските и монетарни показатели“ во еврозоната со коишто земјата е тесно поврзана.Неколку часа пред официјално ова да биде објавено, министерот за финансии на Франција Франсоа Бароин изјави:

„Да ние бевме известени дека како и повеќето европски земји ќе имаме промена на рејтингот кој е намален за едно ниво. Тоа е истата агенција која им го намали рејтингот на САД во август 2011, така што тоа за нас не е изненадување.“
Да ние бевме известени дека како и повеќето европски земји ке имаме промена на рејтингот кој е намален за едно ниво. Тоа е истата агенција која им го намали рејтингот на САД во Август 2011, така што тоа за нас не е изненадување.

Во случајот на Австрија, одлуката е донесена поради „кревкоста на австрискиот банкарски сектор“ кој е силно инволвиран во земјите од Источна Европа и во Унгарија, во држави тешко погодени со финансиската криза.

На Шпанија кредитниот рејтинг и е намален за две ниваa од „АА“ на „БББ+“, со негативна перспектива и 33 отсто изгледи рејтиног на среднорочен период да и биде повтроно намален.

На Италија рејтингот и е намален за две нивоа, од „А“ на „БББ+“, со негативни изгледи исто како и во случајот на Шпанија.

Рејтингот na Грција e веќе на најниското ниво, a кипарскиот рејтинг е намален на „ББ+“ односно на шпекулативно ниво, со негативна прогноза.

Кредитниот рејтинг на Португалија е намален на „ББ“, исто така, на шпекулативно ниво со негативна прогноза.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG