Достапни линкови

Руски товарен брод со опасно оружје кон Сирија


Рускиот брод кој, како што јавуваат агенциите, носел опасен товар по краткото задржување на Кипар отпловил кон Сирија. Од рускиот превозник не се коментираат наводите дека товарот се состоел од оружје и муниција. Европската унија денеска соопшти дека била запозната со случајот и оти секоја земја сноси одговорност доколку го прекрши ембаргото за испорака на оружје за Сирија каде што претседателот Башар ал Асад девет месеци се обидува да ги смири антивладините протести. Москва одби да ги прифати западните санкции против Сирија.
XS
SM
MD
LG