Достапни линкови

Собранието не усвои заклучоци за употреба на јазикот


Собранието на Македонија на денешната седница не ги усвои предложените заклучоци за Информацијата за спроведување во пракса на Амандман 5 на Уставот на Македонија, поднесена од пратеничката група на ДПА, која се однесува на употребата на албанскиот јазик. Пратениците од ДПА сметаат дека Законот за употреба на јазиците што го зборуваат најмалку 20 насто од граѓаните во земјата и во локалните самоуправи не се почитува во целост, односно не се почитува одредбата за двојазичност или правото на Албанците да го користат албанскиот јазик секаде низ државата, рамноправно со оние кои зборуваат на македонски јазик.
XS
SM
MD
LG