Достапни линкови

На Вевчанскиот карневал, поштедени домашните политичари


архива

архива

Групната маска на вевчанци за македонско грчките односи предизвика најголемо внимание кај посетителите на годинашниот традиционален Вевчански карневал. Меѓу другите маски беше и американскиот претседател Барак Обама, маската летаме за Европа. Можеа да се видат и сцени од каубојските филмови, титови пионери, оџи, попови и мртовци. Сепак, годинава Вевчани ги поштедија домашните политичари. Меѓу стотината маски немаше маска посветена на македонски политичар. Карневалот го отвори министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска. Манифестацијата завршува утре кога сред село ќе бидат запалени сите годинашни маски.
XS
SM
MD
LG