Достапни линкови

logo-print

Реџепи: нема договор со Самоопределување


Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи ги отфрли како неточни информациите дека движењето Самоопределување кое за утре најави блокада на премините кон Србија и косовската полиција се договориле полицијата да не го спречува доаѓањето на членовите на движењето кои пак за возврат ќе блокираат само по една патна лента. Самоопределување најави дека блокирањето на премините Мердаре и Бела земја нема да трае еден ден, туку се додека не почне примената на реципроцитет во односите со Србија, односно спречување на увоз на српски производи на Косово. Премиерот Хашим Тачи акцијата на Самоопределување ја оцени како противзаконска, а против неа се изјаснија и шефот на Меѓународната цивилна канцеларија Питер Фејт, како и албанското министерство за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG