Достапни линкови

За вредностите и патоказите


Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ

Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ

Со благословот од македонскиот архиепископ г.г Стефан и под водство на претседателот Никола Груевски и 2012 година е ринг во кој што ќе се бориме за модерна Македонија, за зачувување на националниот идентитет и економска благосостојба. Пишува Диме Спасов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Да бидеш дел од УМС на ВМРО-ДПМНЕ мора да се грижиш за сеќавањето но и да делуваш постојано во сегашноста. Да ја негуваш историјата, но и да бидеш грижлив за квалитетот на животот денес и утре, знаејќи дека од него ни зависи и економскиот подем, па и националното самочувство.

Тоа самочувство треба да се гради секој ден. А се гради и храни со дози од традицијата и религијата. Немајки излез на море, нафтени наогалишта, огромна територија, историјата на нашиот народ, нашата држава и нашата земја покажала дека традицијата и религијата го сочувале народниот дух, давајќи му чувство на разноликост. Во услови на немање на сопствена држава, тие две институции биле браник на самосознавањето.
И во денешни услови Македонија се промовира преку она што грижливо го создавала низ вековите, како ”Тешкото”, ”Копачката”, ”Бабините игри”. Тоа е она за што УМС на ВМРО-ДПМНЕ се залага, за зачувување на традиционалните вредости и нивна промоција во време на модерен и динамичен начин на живот. Тоа и отец Пимен пред неколку години во една своја колумна го опиша: ”Онака како што туршијата ги чува плодовите сочни и вкусни, така конзерватизмот ги сочувува моралните вредности и ги пренесува”. После распадот на СФРЈ нашиот човек се сврте кон самопрепрочитување, со активација на историското паметење. Најде за потреба да ги оживее старите традиционални вредности, подновување на обичаите. Од тука владите на ВМРО-ДПМНЕ му посветуваа толкаво значење на земјоделието, кој е своевидна традиција кај нас, потоа на македонското село, каде е најизразена вербата во Бога. Сведоци сме на вниманието на ВМРО-ДПМНЕ кон претприемништвото, бидејќи и тоа е традиција кај нас, нашите градови во минатото се истакнувале со претприемништво, производство и трговија. УМС на ВМРО-ДПМНЕ си ја знае обврската да се сочува се она што е изворно.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период преку свои конкретни активности се концетрира и на минатото. Многу трибини за историја и историски прашања, акции за чистење на споменици, панихиди за загинати дејци. И тука не запираме. Како млади демохристијани и почитувачи на македонската традиција на солидарност, УМС секогаш го нуди своето внимание и почит на ранливите категории сограѓани. Преку разни активности поблиску до повозрасните лица, болните деца,и деца без родители. На тоа не поучува востановениот систем на вредности.

Зад нас се Божиќните празници.Најрадосните празници кога се роди Спасителот на човештвото. Тоа се тие моменти кога се чувствува семејната топлина, сплотувањето и вкусот на христијанските обичаи. Тогаш најмалку се чувствува комерцилизацијата. Тогаш се посветуваме на семејството. Бадник и Божиќ низ Македонија се пропратени со низа обичаи како коледарскиот оган, посната трпеза, посетите на пријателите. Динамиката на секојдневниот живот запира за кратко. Христијанството покрај одржувач на народниот дух, кај нас Македонците е чувар и крепител на нашата идентификација. Кај нас олицетворено во светата Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија претставува нитка меѓу вчера, денес и утре. Со самото стапнување на светиот апостол Павле во Македонија, таа беше избрана за лулка на приврзаноста кон Бог.
Затоа УМС на ВМРО-ДПМНЕ следејќи ја десничарската идеологија и во иднина ќе се крепи на христијанството и нашата МПЦ-ОА гледајќи подршка во националните интереси. МПЦ-ОА низ историјата беше и е средиште на македонското образование, култура и морал. Верата раѓа духовност, а духовноста идентитет


Затоа УМС на ВМРО-ДПМНЕ следејќи ја десничарската идеологија и во иднина ќе се крепи на христијанството и нашата МПЦ-ОА гледајќи подршка во националните интереси. МПЦ-ОА низ историјата беше и е средиште на македонското образование, култура и морал. Верата раѓа духовност, а духовноста идентитет. УМС припаѓа на младиот човек кој сака да твори, да креира, да создава семејство и да води богоугоден живот. Религијата за младиот човек е значајна бидејќи го заштитува од деликвенција, од изопаченост и искривен морал. Со нејзина помош полесно се градат односите и со останатите луѓе и околината. Ние младите од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од нејзината структура и во тековната 2012 наоружани со верба и љубов, продолжуваме да се вградуваме во нашата татковина. Разбирајќи дека сите сме минливи и менливи, а само татковината останува. Должни сме со целокупниот наш придонес да се активираме во остварување на интересите на татковината. Со благословот од македонскиот архиепископ г.г Стефан и под водство на претседателот Никола Груевски и 2012 година е ринг во кој што ќе се бориме за модерна Македонија, за зачувување на националниот идентитет и економска благосостојба. УМС на ВМРО-ДПМНЕ и во новата 2012 година ќе изработува проекти и планови за зачувување на традициите преку организација на трибини, изложби, концерти, брошури. Наша цел е потпомагање на културните и духовни традиции, сочувување на националните вредности и историското сеќавање. Кај секој млад Македонец да се развива чувството за припадност, чувството за самоуважување, но и одговорност.

ДИМЕ СПАСОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УНИЈА НА МЛАДИ СИЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG