Достапни линкови

logo-print

Попоски: Грција не е заинтересирана за целисходен дијалог


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во денешното интервју за агенцијата МИА вели дека првичните пораки на сегашната влада во Атина говорат дека Грција не била заинтересирана за целисходен дијалог со Македонија. ,,Од аспект на резултати, мотивираноста и посветеноста од грчка страна не се фактор што особено охрабрува,, вели Попоски во врска со очекувањата од новата рунда разговори со посредство на Метју Нимиц на 16 и 17 овој месец. Попоски додава дека пресудата од Хаг е јасна потврда оти македонските очекувања за влез во НАТО биле нелегално попречени. ,,За одговорна влада или личност тоа би требало да влијае во правец на конструктивност и корекција на грешката. Не е корисно да трошат енергија во барање изговори, одбегнувања и саботажи на интеграцискиот процес,, наведува министерот Никола Попоски во интервјуто за МИА.
XS
SM
MD
LG