Достапни линкови

Обама бара зголемување на кредитниот лимит


Американскиот претседател Барак Обама побара од Конгресот да го зголеми лимитот на задолженост на државата за дополнителни илјада и двесте милијарди долари и би изнесувал над 16 ипол илјади милијради долари. Веќе трет пат Обама го бара тоа од Конгресот кој во рок од 15 дена треба да одговори. Повеќето републиканци најавуваат дека нема да го поддржат барањето, критикувајќи го претседателот за големата јавна потрошувачка. Обама има право на вето на таквото противење со цел да се избегне несолветноста на сојузните власти.
XS
SM
MD
LG