Достапни линкови

logo-print

Вранишковски останува во Идризово


Расчинетиот владика Јован Вранишковски.

Расчинетиот владика Јован Вранишковски.

Расчинетиот владика Зоран Вранишковски, кој го носи црковното име Јован, останува во затворот во Идризово, реши скопскиот Апелациски суд. Се очекува велешкиот Основен суд да реши дали ќе има повторно судење.

Претседателот на Основниот суд во Велес Јордан Лазаров изјави дека наскоро судот повторно ќе одлучува и ќе се знае дали ќе има повторување на судскиот процес во кој Вранишковски е осуден за проневера на 250 илјади евра или тој ќе си ја издржи затворската казна од две и пол години.

Велешкиот суд пред една година го прогласи Вранишковски, во отуство, за виновен за незаконско трошење пари кои ги земал од црквите и манастирите во Повардарската, Брегалничката и Пелагониско-преспанската епархија.

Пред еден месец откако Вранишковски се врати во Македонија и беше приведен, неговите адвокати побараа ново судење. На ова барање Судот во Велес одговори позитивино, но Основното јавно обвинителство во скопска апелација го обжали обвинението.
XS
SM
MD
LG