Достапни линкови

logo-print

Зголемен бројот на наркозависници во Тетово


Центарот на Тетово.

Центарот на Тетово.

Зголемување на бројот на корисници на услугите, бележи Центарот за развој и унапредување на јавниот живот - Тетово. Во пораст е и давањето на медицински и социјални услуги кои центарот бесплатно им ги обезбедува на корисниците на дрога.

Во 2011 година во Центарот за развој и унапредување на јавниот живот - Тетово, а во кој функционира Центарот за намалување на штети од употреба на дроги, регистрирани се 46 нови корисници. Според координаторот на Центарот, Борислав Павлоски станува збор за интравенозни корисници на дроги, сексуални работнички и сл. Во 2011 карактеристично е зголемување на трендот за давање на социјални и медицински услуги за корисниците во Центарот, потенцира Павлоски.
На годишно ниво некаде околу 3.100 социјални услуги се даваат што покажува дека голем дел од тие корисници што ние ги имаме доаѓаат од сиромашни средини, што не значи дека овие да ги наречеме од повисоката класа не користат или не злоупотребуваат дроги.

„На годишно ниво некаде околу 3.100 социјални услуги се даваат што покажува дека голем дел од тие корисници што ние ги имаме доаѓаат од сиромашни средини, што не значи дека овие да ги наречеме од повисоката класа не користат или не злоупотребуваат дроги. Медицинските услуги исто така бележат тренд на зголемување од 20 проценти на годишно ниво, доделени се околу 1.000 медицински услуги за сите оние основни медицински услуги што ние можеме да ги дадеме тука, ги завршуваме, а се она што е поголема потреба го пренасочуваме во Клиничкиот центар во Тетово или во Скопје.“

Од Центарот за намалување на штети од употреба на дроги во Тетово информираат дека е зголемен и бројот на корисници кои се тестирале за ХИВ и хепатитис Ц, додека голем дел од тие лица кои биле позитивни на тестот за Хепатитис Ц изразиле желба за лекување.

„115 лица извршиле тестирање на ХИВ и за среќа имаме „0“ резултат, значи немаме пронајдено позитивни лица, а додека за ХЦВ тестирањето имаме тренд на зголемување на позитивност .“

Центарот за намалување на штети од употреба на дроги е отворен пред неколку години. Во него се вклучени медицинско лице, социјален работник, двајца теренски работници и координатор. Медицинското лице има задача да дава медицинска помош, а социјалниот работник врши посредување при административни услуги за корисниците на дрога. Во центарот, на сегашните корисници на дрога им се делат стерилни шприцови, игли и презервативи, а целта е оние кои веќе користат интравенски дроги, да користат стерилен прибор и да се намалат ризиците од појава на смртоносни заразни заболувања меѓу корисниците на дрога.
XS
SM
MD
LG