Достапни линкови

Роденеден на уметноста во МКЦ


Плакат за Роденденот на уметноста.
Плакат за Роденденот на уметноста.

Со ревија на филмови, театарски претстави, изложби и концерти Младинскиот културен центар од Скопје, во среда на 18 јануари, по втор пат, ќе го одбележи меѓународниот настан РОДЕНДЕН НА УМЕТНОСТА.

24 часовна ревија на филмови во кината Фросина и Милениум што ќе започне во среда напладне, премиера на театарската претстава Институт во режија на Александра Кардалевска, поетски перформанс Песнило, нова изведба на проектот
МКЦ како со останатите настани, така и со овој роденден на уметноста кој иако трае само еден ден е дел од една широка меѓународна европска мрежа, голем е моментот.
Златко Стефковски – директор на на МКЦ.
на Златко Славенски – Визија во Планетариумот и концерти на култните ТБ ТРАЧЕРИ, Сашко Костов и МОЛОКАИ во комплетно реобновената Денсинг сала, се содржините што уште на хартија го изнудуваат вниманието на публиката за престојниот глобален настан РОДЕНДЕН НА УМЕТНОСТА, кој и годинава во Македонија го потпишува Младинскиот културен центар од Скопје.

„МКЦ како со останатите настани, така и со овој роденден на
Златко Стефковски
Златко Стефковски
уметноста, кој, иако трае само еден ден е дел од една широка меѓународна европска мрежа, голем е моментот, одиме броудкаст така да се изразам сега во Европа. И добро е што се доближуваме и на тој начин не само што ја популаризираме уметноста во Македонија туку правиме и афирмација на нашата држава за која знаеме дека и е потребна во овој миг“, истакнува
Оваа ноќ ќе настапувам, јас со мојот бенд, воедно тоа ќе биде и промоција на моето ново ЕП.
Сашко Костов, музичар.
Златко Стефковски – директор на на МКЦ.

Овој настан е инициран од страна на францускиот уметник Роберт Филиу, во сега далечната 1963 година кога тој за прв пат ја споменал идејата за глобална прослава на уметноста. Филиу забележува дека милион години наназад уметноста не постоела, но дека била родена во моментот кога некој испуштил сув сунѓер во кофа со вода и според неговите проценки тој ден е 17 јануари. Од таму, Филиу предложил јавен настан со кој ќе се прославува уметноста и нејзината сеприсутност во нашите животи.

Во последниве неколку години, идејата беше превземена од една широка мрежа на уметници и организации од целиот свет и во континуитет таа евоулира и се проширува примајќи нови членови кои со сите сили се трудат да ја збогатат размената на уметност преку актуелните телекомуникациски алатки. Оваа манифестација, преку глобален радиопренос, како и со многу концерти, арт-перформанси и инсталации, програми за деца, секоја година од 14 до 18 јануари се одржува во повеќе од дваесетина европски земји, Соединетите Американски Држави, Јапонија, Јужна Америка и Европа, а влезот за сите случувања е слободен.

„Оваа ноќ ќе настапувам јас со мојот бенд, воедно тоа ќе биде и промоција на моето ново ЕП што ќе се појави на мојата официјален веб сајт за фри даунлоуд, со тоа што имам четири мои соло композици, една соработка со англискиот рапер Ола Диос и една преработка на песна од Беи д фиш“, вели Сашко Костов, кој со својот бенд ќе настапи на полноќниот концерт.

Инаку, РОДЕНДЕНОТ НА УМЕТНОСТА е првиот од низата на настани кои ќе се одвиваат под мотото СЛАВЕЊЕ НА МЛАДОСТА и со кои МКЦ годинава планира да го одбележи својот голем јубилеј – 40 години од постоењето на оваа институција.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG