Достапни линкови

Синдикатот на новинари бара трудови инспекции и во медиумите


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја поздравува најавата на Министерството за труд и социјала за засилени иснпекциски надзори и казни за работодавачите кои не ги пријавуваат нивните работници. Синдикатот, како што се наведува во соопштението, очекува оваа акција да се однесува еднакво и неселективно и на медиумскиот бизнис.

Притоа во функција на заштита на правата на работниците ССНМ бара суштински, а не формален надзор и примена на одредбите од Законот за работни односи.

ССНМ му сугерира на Министерството и на инспекциските служби да обрнат внимание на фактот дека во македонските медиуми постои исклучително висок процент на таканаречено „неформално вработување“, односно „хонорарен ангажман“ преку договори за дело кај кои работодавачот е ослободен од обврската да плаќа пензиско и здравствено осигурување, а работникот е приморан тоа да го прифати и да работи со сите обврски, без какви и да е права на редовно вработените.
XS
SM
MD
LG