Достапни линкови

Газпром - Украина не може да ја преполови набавката на гас


Рускиот државен енергетски гигант Газпром соопшти дека Украина не може да го преполови износот на гас за кој веќе има потпишано договор за купување од Газпром. Претставникот на Газпром Сергеј Кипријанов изјави дека Газпром и украинската државна компанија Нафтохаз во 2009 година потпишале 10-годишен договор со кој се предвидува Украина да купува по 52 милијарди метри кубни гас годишно. Тој вели дека, според договорот, Украина може да го намали тоа количество за најмногу 20 отсто, но е обврзана да го информира Газпром шест месеци однапред.

Украинскиот министер за енергетика Јуриј Бојко вчера изјави дека Украина годинава ќе купи само 27 милијарди метри кубни гас од Русија.
XS
SM
MD
LG