Достапни линкови

Путин ветува намалување на полициската репресија во Русија


Човек ја разгледува интернет страницата за кампањата на претседателските избори на Владимир Путин.

Човек ја разгледува интернет страницата за кампањата на претседателските избори на Владимир Путин.

Рускиот премиер Владимир Путин денеска ја започна својата кампања за трет претседателски мандат со ветување дека ќе се намали полициската репресија во земјата. Во својата изборна програма за претседателските избори во март 2012 година, Путин пишува: „Треба повторно да размислиме за целиот систем на јавна безбедност и треба да се спречи крајно репресивната тенденција“.

Програмата е објавена на неговата интернет страница за кампањата - putin2012.ru.

За време на владеењето, Путин е критикуван за политиката на „цврста рака“.

Опозицијата се сомнева во ветувањата, затоа што, како што вели претседателот на либералната партија Јаблоко, Сергеј Митрохин, Путин „се навикна да владее преку безбедносните сили“.
XS
SM
MD
LG