Достапни линкови

Решавачка средба за преговорите за обединување на Кипар


Бан Ки Мун

Бан Ки Мун

Решавачка средба за преговорите за обединување на Кипар ќе биде одржана овој месец во Њујорк, изјави специјалниот советник на генералниот секретар на ОН за Кипар, Александар Даунер.
Станува збор за средба на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кипарскиот претседател Димитрис Христофиас и лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу во Лонг Ајленд од 22 до 24 јануари.
За Бан Ки-мун тоа ќе биде втора ваква средба во последните три месеци со лидерите на двете заедници во Кипар. Нема планови за трета средба, рече Даунер.
Во исто време Даунер истакна дека е постигнато зближување по многу прашања, меѓу кои економијата и внатрешната безбедност.
XS
SM
MD
LG