Достапни линкови

Четири години од хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 припадници на АРМ


Началник на генералштабот на АРМ, генерал Горанчо Котески.

Началник на генералштабот на АРМ, генерал Горанчо Котески.

По повод четири години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловниот ВИНГ на АРМ денеска делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, вВИНГ, како и членовите на семејствата на загинатите ќе положат венци со цвеќе на спомен обележјата пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај Катлановско Блаце.
Македонските мировници кои се враќаа по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на денешен ден пред четири години полетаа со хеликоптерот околу 9 часот и 30 минути од базата Бутмир кај Сараево. Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта.
Во хеликоптерска несреќа кај Катланово животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.
XS
SM
MD
LG