Достапни линкови

Индекс 2012 - Македонија „умерено слободна“ економија


Во извештајот на фондацијата Херитаџ и Вол Стрит Журнал за Индексот на економските слободи во 2012, Македонија е рангирана на 43 место како земја со умерено слободна економија. Во 2011 Македонија го доби 55 место, а во 2010 беше на 56 место. На прво место 18 години по ред е Хонг Конг а на второ Сингапур. Индексот економски слободи на Херитаџ и Вол Стрит Журнал се прави од 1995 а во него се оценуваат економските слободи во доменот на владеењето на законот, регулаторната ефикасност, отвореноста на пазарот и ограниченоста на владата.
XS
SM
MD
LG