Достапни линкови

Иран бара од ОН осуда на убиството на нуклеарниот научник


Иранскиот нуклеарен научник Мустафа Ахмади Рошан кој загина во вчерашниот бомбашки напад во Техеран

Иранскиот нуклеарен научник Мустафа Ахмади Рошан кој загина во вчерашниот бомбашки напад во Техеран

САД, Франција, Британија и Германија ја осудија иранската одлука за старт на програмата за збогатување ураниум во подземен објект. Ова го соопштија претставниците на овие земји по состанокот зад затворени врати што го одржаа во Советот за Безбедност на ОН.
Не се очекува во Советот да бидат изгласани нови санкции против Иран во блиска иднина поради ставовите на Кина и Русија, јавуваат новинските агенции.
Во меѓувреме Иран поднесе барање до Советот за Безбедност во Обединетите Нации и до генералниот Секратар Бан Ки Мун да го осудат вчерашното убиството на иранскиот нуклеарен научник во Техеран.
Портпаролот на американскиот совет за безбедност Томи Виетор изјави дека САД го осудуваат атентатот врз научникот и дека тие немаат никаква врска со нападот.
XS
SM
MD
LG