Достапни линкови

Патрушев:Постои опасност од американски напад врз Иран


Секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев предупреди дека е можна воена ескалација во Иран и дека постои „реална опасност“ од американски напад врз оваа земја. Тој во интервју за рускиот весник „ Комерсант“ изјави дека постои голема веројатност за воена ескалација на конфликтот и дека Израел ги турка Американците кон тоа.
Тој додава дека до сега никој не успел да докаже дека има воени компоненти во иранската нуклеарна програма.
Иран вчера ги обвини западните земји дека се вмешани во убиствата на нуклеарните експерти во Техеран.
XS
SM
MD
LG