Достапни линкови

logo-print

Обединетите Арапски Емирати со финансиска поддршка за Грција


Обединетите Арапски Емирати ќе и дадат на Грција инвестициска поддршка и ќе учествуваат во приватизацијата на државните објекти на земјата. Ова го изјави министерот за надворешни работи на ОАЕ шеикот Абдула бин Зајед ал Нахиан на отворањето на бизнис форумот во грчкото одмаралиште Лагониси.
На дводневниот форум учествуваат претставници на над 60 државни и приватни компании од Обединетите Арапски Емирати, кои ги разгледуваат можностите за инвестиции во сферата на енергетиката, туризмот, инфраструктурата и новите технологии.
XS
SM
MD
LG