Достапни линкови

logo-print

Турција најави нови санкции кон Франција


Протести во Франција, Париз за поддршка на Турција

Протести во Франција, Париз за поддршка на Турција

Турција ќе воведе нови санкции кон Франција, доколку земјата и натаму не се откаже од одлуката да го криминализира негирањето на ерменскиот геноцид, изјави вчера во Вилнус турскиот министер за европски прашања Егемен Багаш. Тој додава дека веќе се воведени одредени санкции во нивните односи со Франција. Доколку тој нелогичен проект се претвори во закон тогаш ќе има дополнителни санкции, истакна Багаш.
Францускиот министер за надворешни работи Ален Жипе очекува втор бран соодветни мерки на Турција кон Франција по планираното за 23 јануари гласање во Сенатот за нацрт-законот со кој се криминализира демантирањето на ерменскиот геноцид од 1915 година.
Текстот предвидува казна од една година затвор и парична казна од 45 илјади евра за негирање на геноцидот, кој со закон е признат во Франција.
Усвојувањето на нацрт-законот од Националното собрание ја предизвика Анкара да ги замрзне односите со Франција во сферата на политичката и воената соработка.
XS
SM
MD
LG