Достапни линкови

Загина француски новинар во Сирија


Повреден човек во денешната експлозија во Хомс.

Повреден човек во денешната експлозија во Хомс.

Загина новинар од државната француска телевизија(Франција 2), а неколкумина репортери што ги покривале демонстрациите се повредени во експлозија по ракетен напад во градот Хомс во Сирија. Новинарите биле во Хомс, едно од упориштата на 10-месечните анти-владини протести, во организација на властите. Локалната телевизија Адоуниа објави дека во инцидентот биле убиени најмалку 8 луѓе, а 25 биле повредени, но не се соопштуваат детали.
XS
SM
MD
LG