Достапни линкови

Дуња Мијатовиќ од ОБСЕ го осуди затворањето белоруски новинар


Претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ.

Претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ.

Претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, го осуди затворањето на независниот белоруски новинар Александр Баразенко. Тој беше уапсен додека снимал еден човек како протестира во Минск на 8 јануари, а наредниот ден беше осуден на 11 дена затвор поради „учество во недозволен настан“.

Човекот што протестираше, Микита Коваленко, активист на Европско-белоруската граѓанска кампања, беше осуден на 15 дена затвор.

Мијатовиќ вели дека белоруската влада „треба да им овозможи на новинарите да ги покриваат сите настани, без разлика дали се официјално забранети или не, поради правото на јавноста да знае“.
XS
SM
MD
LG