Достапни линкови

Разрешен пакистанскиот секретар за одбрана


Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани.

Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани.

Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани го разреши секретарот за одбрана во време кога се заоструваат тензиите меѓу владата и армијата, објавија локалните медиуми. Неименуван владин извор, за новинските агенции, изјавил дека пензионираниот генерал Наим Калид Лоди бил разрешен поради „големи злоупотреби“. Лоди беше назначен во владата од армијата и се смета дека има поголема моќ од министер за одбрана.

До овој чекор доаѓа откако армијата предупреди дека критичките забелешки од премиерот Гилани дадени за кинеските медиуми може да имаат „потенцијално тешки последици во земјата“.

За еден кинески весник, Гилани неделава изјави дека шефовите на армијата и на разузнавачката служба се однесувале незаконски со тоа што давале еднострани изјави за тековна истрага на Врховниот суд.
XS
SM
MD
LG