Достапни линкови

Украина ќе го преполови користењето природен гас


Свештеник осветува гасовод во Украина.

Свештеник осветува гасовод во Украина.

Украинскиот министер за енергетика Јуриј Бојко изјави дека годинава неговата земја ќе го преполови користењето природен гас. Тој рече дека Украина годинава ќе потроши 27 милијарди метри кубни гас, наспроти 54 милијарди што беа потрошени во 2011 година. Тоа ќе значи дека на Украина ќе и требаат само 16 до 17 милијарди метри кубни гас од Русија. Киев има потпишано договор за 33 милијарди кубни метри гас од Русија. Челниците на рускиот енергетски гигант Газпром повторуваат дека Украина мора да го плати целиот износ според договорот, без разлика дали и треба или не.
XS
SM
MD
LG