Достапни линкови

Собранието не прифати декриминализација на клеветата


Собранието не прифати декриминализација на кривичните дела клевета и навреда. На денешната седница, мнозинството пратеници го оценија како неприфатлив Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик, во прво читање, поднесен од пратеникот Ивон Величковски од Либералната партија, со кои се предлагаше декриминализацијата.

Величковски обрзаложи дека со тоа ќе им се излезе во пресрет на граѓаните, односно на новинарите и медиумите кои, според него, ќе се ослободат од самоцензура. Опозициските пратеници во тек на расправата ги поддржаа измените, додека владејачкото мнозинство ги оцени како малку избрзани и предложи да се почека исходот од преговорите меѓу ЗНМ и Владата.
XS
SM
MD
LG