Достапни линкови

Ристовски - Немилосрдно против вработувањата на црно


Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд годинава започнува со немилосрдна борба против вработувањата на црно, рече на денешната прес-конференција ресорниот министер Спиро Ристовски. Тој вели оти институциите целосно ќе се стават во функција на заштита на правата на работниците, истовремено почитувајќи ги и интересите на работодавачите.

Ристовски информира дека се направени измени на Законот за работни односи, според кои, ако инспекторот за труд затекне на работа човек со коj не е заснован работен однос и не е пријавен во задолжително социјално осигурување, со решение ќе му нареди на работодавачот да го пријави вработениот во рок од 15 дена, да заснова работен однос и да му исплати надомест во висина од три просечни бруто плати.

Доколку работодавачот не постапи по решението, инспекторот ќе донесе времено решение за забрана на работа во работната просторија на работодавачот во траење од 15 дена или неговите простории ќе бидат пломбирани. Доколку повторно не се отстранат утврдените незаконитости, следува времено решение за забрана на работа во траење од 60 дена.
XS
SM
MD
LG