Достапни линкови

logo-print

Европските лидери и ММФ на разговори за кризата во еврозоната


Францускиот претседател Николас Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин на 9 јануари 2012 година.

Францускиот претседател Николас Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин на 9 јануари 2012 година.

Европските лидери и шефицата на ММФ Кристин Легард денеска ги започнаа новите разговори за кризата во еврозоната. Францускиот претседател Николас Саркози се среќава во Легард во Париз, додека германската канцеларка Ангела Меркел го пречекува нејзиниот италијански колега Марио Монти.

Италијанскиот премиер рече дека Италија бара поконкретна поддршка од ЕУ и од Германија во замена за болните мерки за штедење што ги усвои.

Во меѓувреме беше објавено дека германската економија бележи пад од 0,25 отсто во последниот квартал од минатата година, но оти германската економија во 2011 пораснала за 3 отсто. Најголемиот дел растот е регистриран во првите 6 месеци од годинава.

Забавувањето на германската економија е последица на должничката криза во евро-зоната, но повеќето аналитичари сметаат дека Германија нема да влезе во рецесија.
XS
SM
MD
LG