Достапни линкови

Декриминализација на клеветата на почек


Протест на новинарите, Скопје, 2011

Протест на новинарите, Скопје, 2011

Собранието го оцени како неприфатлив Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик, во прво читање, поднесен од пратеникот Ивон Величковски од Либералната партија, со кој се предвидуваше декриминализација на кривичните дела клевета и навреда. Владејачкото мнозинство ги оцени измените како малку избрзани и предложи да се почека исходот од преговорите меѓу ЗНМ и Владата.

Предлог-законот за декриминализација на клеветата и навредата со кој се бара законски измени за бришење на досега казнивите категории за опозицијата е добро законско решение кое ќе овозможи поголема слобода на изразувањето, како едно од основните човекови права.
Работата, улогата на новинарите во општеството е мошне значајна и битна и токму затоа сметам дека кривичното гонење на новинарите за клевета и навреда е несоодветна и претешка санкција.

„Работата, улогата на новинарите во општеството е мошне значајна и битна и токму затоа сметам дека кривичното гонење на новинарите за клевета и навреда е несоодветна и претешка санкција“, изјави Маринела Тушева, пратеник на Социјалдемократскиот Сојуз.

Термините клевета и навреда ги нема во кривичните закони во скоро сите земји членки на Европската Унија, па според тоа Тушева е со став дека доколку и Македонија претендира да стане членка на Унијата, добро би било да го следи тој тренд.

Дијалог ЗНМ-Влада

Дијалог ЗНМ-Влада

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не се против декриминализацијата на навредата и клеветата, но сметаат дека конкретниот предлог е пребрзо решение кое може на каков било начин да влијае на веќе почнатиот дијалог за истата проблематика меѓу Владата и новинарите.

„Сега што би правеле ние како Собрание со една одлука, а во исто
Мислам дека добро е во секој случај да почекаме, да видиме што ќе биде, а понатаму апсолутно отворени сем за разговор, за преговор.
време се водат преговори за истите можни, евентуални решенија во било која форма да се донесе и мислам дека добро е во секој случај да почекаме, да видиме што ќе биде, а понатаму апсолутно отворени сме за разговор, за преговори“, изјави Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Со идентичен став е и Демократската унија за интеграција. Не сме против декриминализацијата, но сме воздржани во однос на предложениот закон, изјави Сузана Салиу од ДУИ.

„Овој предлог малку е забрзан со оглед дека започнатиот дијалог меѓу ЗНМ и Владата е во сериозна интензивна фаза, се одвива во позитивен дух и насока.“

Предлог законот е на пратеникот Ивон Величковски кој смета дека истиот ќе овозможи поголема слобода на медиумите, а со тоа и на новинарите. Затоа кривичното гонење е претешка санкција за нив, смета Величковски. Јавниот обвинител Љупчо Шврговски, пак, неодамна изјави дека е рано за декримнализација и дека за тоа треба да се размислува во подалечна иднина, бидејќи ни е потребна еволуција на свеста. Според него, новинарите не можат да бидат изземени од одговорност ако не ја проверат информацијата, а казните треба да бидат изречени според моќта на медиумот.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG