Достапни линкови

logo-print

Нови штрајкови во Грција


Во Грција денеска штрајкуваат адвокатите, лекарите, фармацевтите и новинарите од државното радио и телевизија.
Адвокатите се против воведените даноци за нив од страна на Владата, додека лекарите и фармацевтите не работат со осигуреници поради неисплатени долгови од околу 400 милиони евра.
До петок ќе трае и штрајкот на лекарите од најголемиот државен фонд ИКА. Тие се спротиставуваат на реформите во здравството и на намалувањето на платите.
Четиричасовен штрајк објавија и вработените во државното радио и телевизија кои бараат да ги задржат местата, отпуштените да се вратат на работа и итно да биде потпишан колективен договор.
XS
SM
MD
LG