Достапни линкови

Посматрачите од Арапската Лига демонстративно ја напуштија Сирија


Посматрачите од Арапската Лига ја напуштија Сирија, изјавувајки дека виделе насилства и хорор сцени, а властите не правеле ништо за да ги спречат. Набљудувачот од Алжир, Анвар Малек изјави дека си заминуваат од Сирија бидејки се нашле во ситуација да му служат на сиријскиот режим како изговор за продолжување на насилствата врз демонстрантите.
165 посматрачи од Арапаската Лига, на 26-ти декември ја започнаа својата мисија во Сирија со цел да запре тортурата врз анти-владините демонстранти. Американскиот амбасадор во Обединетите Нации Сузан Рајс, вчера изјави дека според податоците на Светската организација, најмалку 400 луѓе биле убиени во Сирија од пристигнувањето на посматрачката мисија на Арапската Лига.
XS
SM
MD
LG