Достапни линкови

Ахмадинеџат добива подршка од латинско-американски лидери


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат присуствуваше на инаугурацијата на третиот мандат на претседателот на Никарагва, Даниел Ортега. Присуствуваше и претседателот на Венецуела Уго Чавез. Ортега му понудил подршка на Ахмадинеџат за иранските несогласувања со меѓународната заедница во врска со нуклеарната програма, изјавувајки дека државите имаат права да развиваат нуклеарна енергија. Ортега, исто така, го повика Израел да го уништи нуклеарното оружје, а ја осуди и според него, американската окупација на Авганистан и на Ирак.
Инаку, Ахмадинеџат, кој е во посета на Латинска Америка, ќе ги посети и Куба и Еквадор.
XS
SM
MD
LG