Достапни линкови

Атентат врз нуклеарен научник во Техеран


Техеран 11.01.2012

Техеран 11.01.2012

Иранските новински агенции јавија дека во денешниот бомбашки напад во Техеран бил убиен универзитетскиот професор Мустафа Ахмади Рошан, кој работел во нуклеарната постројка Натанц. Според очевидци, Рошан и уште две лица биле во автомобил во Техеран, кога напаѓач на мотор им закачил бомба со магнет. Иранската агенција ФАРС оцени дека станува збор за терористички напад, а официјални претставници на Техеран сметаат дека зад нападот стои Израел. Сличен напад, пред една година, беше извршен и врз универзитетскиот професор Масуд Али Мухамеди.
XS
SM
MD
LG