Достапни линкови

Ромни победи и во Њу Хемпшир


Мит Ромни

Мит Ромни

Американските медиуми објавија дека Мит Ромни е победник на прелиминарните избори во сојузната држава Њу Хемпшир за кандидат на Републиканската партија за претседателските избори во ноември годинава. Според нецелосните резултати, поранешниот гувернер на Масачусетс освоил околу 36 насто од гласовите и убедливо води пред тексашкиот конгресмен Рон Пол и поранешниот американски амбасадор во Кина Џон Хунтсман.
Ова е втора победа на Ромни, откако минатиот вторник тој освои најмногу гласови и во Ајова.
XS
SM
MD
LG