Достапни линкови

Средба Меркел-Монти за кризата во евро-зоната


Од неодамнешната средба Меркел-Саркози-Монти

Од неодамнешната средба Меркел-Саркози-Монти

Денеска во Берлин германската канцеларка Ангела Меркел ќе разговара со италијанскиот премиер Марио Монти. Главни теми на средбата ќе бидат кризата во евро зоната и напорите на Италија да го намали огромниот јавен долг.
Во рамките на напорите за надминување на кризата, Меркел деновиве се сретна и со францускиот претседател Никола Саркози и со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, а за идната недела е закажана и средба со британскиот премиер Дејвид Камерон.
XS
SM
MD
LG