Достапни линкови

Словенија: парламентот избира мандатар


Зоран Јанковиќ

Зоран Јанковиќ

Денеска треба да биде одржана вонредна седница на словенечкиот парламент, на која ќе се гласа за кандидатурата на Зоран Јанковиќ за мандатар за состав на нова влада. Според медиумите во Љубљана, Јанковиќ до вчера успеал да обезбеди поддршка од 44 пратеници, а за да биде избран за претседател на новата влада, потребни му се 46 гласови.
Доколку Јанковиќ не го добие потребниот број гласови, претседателот на државата Данило Тирк по нови консултации со партиите мора да ја повтори постапката за наименување мандатар, при што тој може повторно да му го додели мандатот на Јанковиќ, или да предложи некое друго име.
XS
SM
MD
LG