Достапни линкови

Американски брод спаси ирански морнари


Американски брод вчера во Персискиот залив спаси шестмина ирански морнари, чиј брод бил оштетен. Како што соопшти Пентагон, иранската посада, која се наоѓала околу 50 милји од иранското пристаниште Ум Каср, ја повикала на помош американската крајбрежна стража, чиј брод бил во нивна непосредна близина. Најновото спасување се случува во период на засилени тензии меѓу двете земји во врска со нуклеарната програма на Техеран, за која Западот се сомнева дека целта и е атомска бомба.
Во минатата недела американската морнарица спаси 13 Иранци кои беа држени како заложници од страна на пирати. Иран го поздрави тој потег, иако се противи на присуството на странски сили во таа област.
XS
SM
MD
LG