Достапни линкови

Иран го попречува сигналот на Ал Џазеира


Седиштето на Ал Џазеира во Доха во Катар.

Седиштето на Ал Џазеира во Доха во Катар.

Сателитскиот оператор Арабсат соопшти дека Иран го попречува емитувањето на катарската телевизија Ал Џазеира во земјата. Арабсат објави дека нивните сателити се погодени од две локации во Иран – една во близина на Техеран и една во Марагех во северозападен Иран. Сателитскиот оператор го истражувал проблемот на барање на Ал Џазеира. Катарската телевизија вчера објави нови фрекфенции на кои телевизијата може да се гледа преку сателит, поради „непрекинатото попречување“ во изминативе месеци.
XS
SM
MD
LG