Достапни линкови

Руски планинари смрзнаа на Алпите


Илустрација: Алпи.

Илустрација: Алпи.

Руска двојка, која исчезна пред повеќе од една недела додека се обидуваше да се искачи на Мон Блан во Франција беше пронајдена мртва. Властите соопштија дека ги пронашле телата на Татјана и Михаил Захаров во нивниот шатор кој бил затрупан со снег. Двајцата, кои биле на возраст меѓу 30 и 40 години, се обиделе да се искачат на 4.807 метри високиот врв и покрај предупредувањата дека е опасно поради лошото време. Тие успешно се искачиле на Мон Блан во летото 2010 година.
XS
SM
MD
LG