Достапни линкови

Саботирана руската вселенска програма?


Руското летало Фобос-Грунт не успеа да ја заврши мисијата, да стигне до месечината на Марс, Фобос, и да донесе примероци од почвата. Се очекува деловите од леталото деновиве да се урнат на земјата.

Руското летало Фобос-Грунт не успеа да ја заврши мисијата, да стигне до месечината на Марс, Фобос, и да донесе примероци од почвата. Се очекува деловите од леталото деновиве да се урнат на земјата.

Шефот на руската вселенска агенција се сомнева дека неодамнешните грешки во вселенската програма се резултат на саботажа. Во денешното интервју за еден руски весник, шефот на вселенската агенција Роскосмос, Владимир Поповкин, вели дека некои од објектите претрпеле „необјаснети“ дефекти додека летате надвор од дофатот на следење.

„Јас не би сакал да обвинам никого, но денес постојат моќни средствa кои можат да влијаат врз леталото и нивната употреба не може да се исклучи“, вели Поповкин.

Тој признава и дека вселенска програма во Русија има финансиски проблеми, што довеле до некои „ризични технолошки решенија“.
XS
SM
MD
LG