Достапни линкови

Прилепски компании ќе се пробиваат на украински пазар


Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески потпишува спогодба за соработка помеѓу Економскиот факултет Прилеп и Економскиот институт од Украина.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески потпишува спогодба за соработка помеѓу Економскиот факултет Прилеп и Економскиот институт од Украина.

Стопанствениците од Прилеп ќе соработуваат со нивните колеги од украинските градови Чернигов и Киев. Откако Припел се збратими со Чернигов се најавува и соработка на туристички и културен план.

Прилепските стопанственици воспоставија контакти со украинските бизнисмени од Чернигов и Киев, при неодамнешната посета на делегациите од Регионалната стопанска комора и локалната самоуправа. Потпишан е Меморандум за соработка, остварени се и првите ефекти во тектистилната бранша, но се очекуваат многу други поволности во иднина.
Оваа посета е посебно важна од тој аспект што Украина и Македонија потпишаа Спогодба за слободна трговија која е во функција, без царинско оптоварување, значи речиси 90 и повеќе проценти се создадени сите предуслови, да се изнајдат допирните точки и да се воспостави долгорочна соработка со стопанственици од таа земја.

„Тоа што го чувме и видовме за тој кус временски период и добивме како информации од колегите, локалните раководни личности на Чернигов и Киев и дел од нашата амбасада, од посета на системи и трговски синџири во двата града, за нас се добра подлога, многу значајни сознанија за почеток на пробив на тој украински пазар, кој што е вонредно битен за нашето стопанство во Општинава и Републикава, особено кога се има предвид украинското пријателско расположение“, вели Симон Наумоски, претседател на Регионалната стопанска комора.

Тој додава дека украинските бизнисмени покажале интерес за прехранбената, текстилната и тутунската индустрија. Но, перспективи на овој пазар имаат Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и претседателот на Регионалната стопанска комора во Прилеп Симон Наумоски.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и претседателот на Регионалната стопанска комора во Прилеп Симон Наумоски.

сите стопански субјекти.

„Оваа посета е посебно важна од тој аспект што Украина и Македонија потпишаа Спогодба за слободна трговија која е во функција, без царинско оптоварување, значи речиси 90 и повеќе проценти се создадени сите предуслови, да се изнајдат допирните точки и да се воспостави долгорочна соработка со стопанственици од таа земја“,
Во името на нашиот Економски факултет јас го потпишав договорот за идна соработка, а тоа ќе значи соработка во областа на економските науки, бидејќи многу ни е слична економијата, истражувањата.

додава Наумоски.

Освен тоа, како што оценува градоначалникот Марјан Ристески, има реални шанси за проширување на соработката на туристички и културен план, особено откако Прилеп се збратими со украинскиот град Чернигов.

„Во името на нашиот Економски факултет јас го потпишав договорот за идна соработка, а тоа ќе значи соработка во областа на економските науки, бидејќи многу ни е слична економијата, истражувањата, во областа на размена на студенти, професори, кадри итн“, вели градоначалникот Ристески.

Тој вели дека ќе биде голем лобист, Чернигов да стане член на Европската Асоцијација на карневалски градови. Зашто како и Прилеп, градот има свој карневал, а исто така и фестивал на пивото, зашто биле побарани искуства околу организацијата.

Ристески вели дека комуникацијата е лесна зашто двете земји имаат многу сличности, во јазикот, културата, религијата, поблиската и подалечна историја, како и развојот на православието.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG