Достапни линкови

Либија бара време да одлучи дали ќе го предаде синот на Гадафи во Хаг


Сеиф ал-Ислам по апсењето на 19 ноември 2011 година.

Либија побара уште три недели да одговори дали ќе го предаде синот на соборениот лидер Моамаер Гадафи, Сеиф ал-Ислам, на Меѓународниот суд во Хаг, откако денеска истече рокот во кој Либија требаше да се изјасни дали ќе го предаде или ќе му суди. Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде потерница по Сеиф ал-Ислам Гадафи во јуни минатата година заради сомнежи за злосторства против човештвото. Сепак, новите либиски власти сакаат да му се суди во земјата. Тој беше уапсен на 19 ноември, речиси еден месец по убивањето на неговиот татко.
XS
SM
MD
LG