Достапни линкови

Седуммина загинати во напад во југоисточен Авганистан


Илустрација: Провинцијата Пактика.

Илустрација: Провинцијата Пактика.

Тројца полицајци и четворица цивили загинаа кога група бомбаши-самоубијци упаднаа во владина зграда во југоисточен Авганистан, соопштува полицијата. Напаѓачите влегле во зградата на Директоратот за комуникации во Шарана, главен град на провинцијата Пактика, откако го убиле полицаецот на влезот на објектот. Полицијата веднаш го опколила објектот, а двајца полицајци загинале во престрелката. Опсадата на објектот траела со часови. Сите бомбаши загинале, но се уште е нејасно како загинале цивилите.
XS
SM
MD
LG