Достапни линкови

МНР - Нема најави, очекувања или индиции за предлози за името


Координативна средба на државниот врв за името кај претседателот Ѓорге Иванов.

Координативна средба на државниот врв за името кај претседателот Ѓорге Иванов.

Нема никакви најави, очекувања, ниту индиции дека какви било предлози ќе бидат ставени на маса на претстојната рунда средби за името со посредникот на ОН Метју Нимиц, соопштува Министерството за надворешни работи. Истовремено, не постои никаква потврда, најава, одобрување или произнесување од наша страна за прифаќање на некој предлог, се вели во пишаната реакција од МНР, откако дел од медиумите објавија дека на средбата со Нимиц македонскиот преговарачки тим би добил три предлози за решение за спорот со името, при што конструктивно би требало да се произнесе за еден.
XS
SM
MD
LG