Достапни линкови

logo-print

Полскиот воен обвинител се обидел да се самоубие поради корупција


Воена полиција стражари пред канцеларијата на воениот обвинител во Познањ.

Воена полиција стражари пред канцеларијата на воениот обвинител во Познањ.

Полскиот воен обвинител, кој вчера се обиде да се самоубие, денеска изјави дека неговиот чин бил за да ја изложи „сериозната корупција“ во договорите за набавки во одбраната.

Полковникот Миколај Пжибил вчера се обиде да се самоубие на паузата на прес-конференција во градот Познањ на која тој зборуваше за прашања што се од интерес на военото обвинителство, меѓу кои и наводите за корупција на високо ниво во полската армија. Тој е во болница, каде што закрепнува од прострелната рана во градите што сам си ја нанесе.

Пжибил тврди дека има договор за негова ликвидација.

Тој вчера зборуваше и за истрагата од каде протекле информациите за истрагата за загинувањето на претседателот Лех Качински.
XS
SM
MD
LG