Достапни линкови

Ако државата не може да го спроведе пописот, тогаш можеби решението треба да се бара во мониторинг мисија или поголемо вклучување на граѓанскиот сектор, сугерираат дел од екпертите.

Прашањето за пописот постојано е на дневен ред, но засега нема решение меѓу политичките партии. Главниот проблем е како да се пребројат државјаните од албанска националност кои се на постојана работа и живеат во странство на што инсистира албанскиот партнер во власта.
Како да се намалат проблемите и недоразбирањата што ги имаат коалиционите партнери навистина во овој момент не би можел да ви одговорам, освен доколку евентуално би се ангажирала некаква мониторинг мисија можеби или поголемо вклучување на граѓанскиот сектор.

Опозицијата бара пописот да се одржи до 15-ти април, а за власта прашањето е отворено. Од ДУИ, во поддршка на коалицискиот партнер велат дека попис ќе има ако се најде решение за различното толкување на методологијатата на попишувањето. Засега експертите можното решение околу надминуавањето на проблемот како да се пребројат албанските иселеници го гледа во спроведување попис според стандардите на Еуростат, но и со вклучучување на повеќе институции.
Илустрација.

Илустрација.


„Како да се намалат проблемите и недоразбирањата што ги имаат коалиционите партнери навистина во овој момент не би можел да ви одговорам, освен доколку евентуално би се ангажирала некаква мониторинг мисија можеби или поголемо вклучување на граѓанскиот сектор, па со таквата една подршка од повеќе страни да се направи едно фактичко пребројување, реално пребројување на населението без разлика по која методологија ќе биде направено“, изјави Владимир Мисев од Институтот за демократија.
Сите зборуваат за европски стандарди и европски процедури. Овој попис треба да биде практичен, брз, објективен, но со европски дух, не само со европски процедури.

Според оценката на политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, исто така додека има различни објаснувања за методологијата нема атмосфера за спроведување на пописот во однос на меѓуетничките односи.

„Самиот факт дека зборуваат за дисбаланс на етничките заедници, политичарите се загрижени зошто една етничка група може да има повеќе или помалку граѓани, самиот тој начин на однесување кон тоа прашање ги иритира луѓето.“

Муслиу повторува дека во секоја држава пописот треба да биде статистичка операција.

„Излезот е од формално да преминат на фактичко дејствување. Сите зборуваат за европски стандарди и европски процедури. Овој попис треба да биде практичен, брз, објективен, но со европски дух, не само со европски процедури.“

Според законот за попис од лани, одредбите се пресликуваат од меѓународните стандарди на ЕУРОСТАТ и според нив, отсутните граѓани не се попишуваат тука, туку во државите каде што живеат.

„Во Македонија за жал продолжува да функционира демократијата пред се во владата помеѓу елитите, а потоа и на ниво на граѓаните и на населението во Република Македонија, така да мислам дека следејќи го тој концепт мора прво коалиционите партнери да се договорат внатре која методологија ќе ја одберат и како тие ќе го толкуваат законот за попис и понатаму да обезбедат непречено спроведување на истиот“, вели Мисев.

Опозицијата обвинува дека во октомври имаше обид за политички попис. Државната изборна комисија двапати го смени составот оценувајќи дека има проблеми кои претствуваат пречка за да се добијат реални податоци.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG